КАСТЕЛО ПРИКАСТ ДОО е инжинериска и градежна фирма, специјализирана за проектирање, градење, производство, превоз и монтажа на конструкции и на монтажни армирано-бетонски елементи.

 
Нашата патентирана градежна система ги внесува на бугарскиот пазар најдобрите италијански традиции и know-how, највисоките современи технологии и има повеќе от 30-годишно европско искуство во проектирањето и производството на армиранобетонски елементи.
 
Ние нудиме конвенционални и нестандардни наменски инженерски решенија за големи и мали производствени згради, магацини, индустриски плацеви, логистички и услужни центри, административни, комерцијални и јавни објекти.
 
Нашата дејност опфаќа:
 
  • инжинериски проучувања и проектирање
  • производство на армирано-бетонски елементи
  • специјализиран автотранспорт на елементи со максимална должина 32 м
  • специјализирана монтажа
  • голем обем на решенија за кровни конструкции
  • сите завршни работи за прекривки, топлотна и звучна изолација
 
По желба на нашите клиенти можеме да понудиме целосен проект-менаџмент и изведба до клуч на рака ( финална фаза ).
 
Нашата производна база во Софија е опремена со најмодерни облици на италиански геометриски калапи и платформи за преднапрегање на армирано-бетонските елементи. Во процес на изградба е нашата нова современа фабрика за армирано-бетонски елемнти во с. Равно поле, општина Елин Пелин.
 

Ние располагаме со експерти, опрема, производи и амбиција за да го проектираме и да го исполниме професионално Вашиот проект.

 Политика на квалитет